Меси повторно подобар од Роналдо, Кристијано најдобро да не користи интернет денес (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Лионел Меси пишува историја и во Соединетите Американски Држави откако успеа да го одведе Интер Мајами до првата титула шампион на МЛС лигата. Интер во финалето играше против Ванкувер Вајткапс и успеа да победи со 3:1.

Иако Интер е основан пред само неколку години, овој клуб веќе успеа да ја освои титулата шампион на МЛС, и секако тоа го направија благодарение на Лионел Меси кој зад себе има уште една неверојатна сезона.

Интер во финалето играше против Ванкувер кој исто така оваа сезона беше одличен, но во финалето едноставно не можеше да даде поголем отпор на Меси и компанијата.

Клубот од Мајами до предност стигна веќе во осмата минута кога Окампо си постигна автогол, а вистинска драма гледавме во второто полувреме бидејќи Ванкувер успеа да израмни. Се играше 60-та минута кога Ахмед израмни на 1:1, но славјето на гостите не траеше долго бидејќи Меси потоа стапи на сцена.

Неверојатниот Аргентинец забележа две асистенции и му помогна на Интер да стигне до титулата што Дејвид Бекам и компанијата ја сонуваа.

Меси зад себе има навистина импресивна сезона во која на сите натпреварувања на 42 натпревари постигна дури 38 голови и додаде 25 асистенции.

.