Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лионел Меси вчера по шести пат во кариерата ја подигна Златната топка која седоделува за најдобриот играч на сезоната.
Со тоа Меси повторно се одвои од најголемиот ривал, Кристијано Роналдо, кој остана на пет Златни топки, а последната ја доби во 2017 година.
„Убаво беше чувството кога по петти пат ја освоив оваа награда, единствен кој го сторил тоа. Но, кога Роналдо ме стигна, признавам дека некое време ме болеше затоа што повеќе не бев на самиот врв. Во тој момент тој ја заслужи Златната топка и не можев многу да сторам по тоа прашање“ –изјави Меси.