Меси промаши пенал, па Мбапе го израдува ПСЖ: Куртоа не можеше сè да одбрани! 🎥


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Реал Мадрид може да биде среќен што не прими повеќе од еден гол на гостувањето во Париз кај ПСЖ (0-1), кој играше одлично во текот на целиот натпревар.

Парижаните создадоа дури шест шанси во првото полувреме, но само еден удар заврши во рамки на голот на Тибо Куртоа, кој беше на висина на задачата.

Како минуваше времето, така притисокот кон голот на гостинската екипа постојано растеше, а Маурицио Покетино нападна со сите опции кои ги имаше.

Лионел Меси можеше да го израдува Париз и да постигне гол од пенал, но сепак Аргентинецот ги расплака парижаните, откако неговиот удар го одбрани белгискиот чувар на мрежата.

Во последната минута од судиското надополнување Мбапе имаше одлична соло акција која ја искористи за победа на ПСЖ од 1-0.

На вториот меч вечерва Манчестер сити славеше со 5-0 против Спортинг Лисабон.