Меси: Реал Мадрид не беше најдобра екипа во ЛШ оваа сезона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ и поранешен фудбалер на Барселона, Лионел Меси кажа дека Реал Мадрид не бил најдобар тим во Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона, иако шпанскиот гигант ја освои титулата.

ПСЖ беше елиминиран токму од „кралевите“, кои успеаа да ги победат уште и Манчестер сити, Челси и Ливерпул.

„Не победува секогаш најдобриот тим. Реал не беше најдобра екипа оваа сезона во ЛШ. Тоа што нè победија на турнирот сите нè разочара. Сакавме да победиме во ЛШ“, вели Меси.

Аргентинецот и неговите соиграчи ќе мора да се задоволат само со трофејот во француската Лига 1.