Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Париз.
Аргентинецот постигнал договор со парижаните, барем така тврдеше братот на газдата на ПСЖ, но и неколку француски медиуми.
Според зборовите на Калин бин Хамад Калифа Ал Тани, братот на Насер и газда на ПСЖ, Меси ги договорил деталите со клубот.
„Преговорите се официјално завршени, соопштението ќе биде подоцна“, напиша Ал Тани преку неговиот профил на Твитер.
Француските медиуми откриваат дека Меси ќе потпише договор на две плус една година, а притоа ќе заработи 120 милиони евра, односно 40 милиони по сезона.