Меси се фати за нога, навивачите на Аргентина пред срцев удар! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина ги почна подготовките за Мундијалот во Катар, а на првиот тренинг во центар на внимание беше Лионел Меси, кој се „пожали“ на повреда.

Капитенот на Аргентина ќе се обиде да ја освои титулата на Мундијалот, која му недостига во богатата колекција, а во моментов се наоѓа во одлична форма, иако на последниот тренинг направи нешто кое ги изнервира Аргентинците.

На тренингот во Абу Даби, Меси се фати за ногата и лажираше повреда со цел да ги изненади колегите, но само ги насмеа со неговиот потег.

Навивачите се гневни поради потегот на аргентинскиот фудбалер и сметаат дека не треба да се шегува со такви работи, а еден Аргентинец на Твитер пиша дека за малку ќе добиел срцев удар.