Меси се повреди – нема да патува на американската турнеја со Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лионел Меси во понеделникот се врати во Барселона и го имаше првиот тренинг со својот клуб, откако претходно доби продолжен одмор поради учество на Копа Америка со Аргентина.

Аргентинецот не издржа долго, па веднаш се повреди на првиот тренинг. Станува збор за мускул на ногата, па поради проблеми нема да патува со клубот на мини-турнејата во САД.

„Меси се врати од летната пауза, имаше тренинг во понеделникот, кој мораше да го заврши пред сите поради проблеми и болка во мускулот на десната нога“, објавија Каталонците.

Барселона додава дека Меси сигурно нема да биде во екипата, која патува во САД, односно дека ќе се врати на фудбалските терени кога ќе се рехабилитира од повредата.