Меси се враќа во Барселона, но само по еден услов!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона повторно ќе го нападне потписот на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, а клубот веќе разгледува неколку опции и една од нив е позајмица до летниот преоден рок.

Доколку Интер Мајами не се пласира во плејофот на МЛС-лигата, тогаш реална е опцијата за позајмица на Аргентинецот.

Екипата од Мајами во моментов е на пет бодови од плејофот во Источната конференција, а до крајот има уште три натпревари и мора да победи на сите, а притоа да се надева на киксови на екипите пред себе.

Меси ги пропушти последните четири меча поради повреда, а засега не е познато кога ќе се врати во составот на Интер Мајами.