Меси следната недела ќе донесе одлука за неговата иднина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси дефинитивно го напушта ПСЖ, а Барселона во моментов се обидува да го врати во клубот, иако има конкуренција од богатите Арапи од Саудиска Арабија.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез во разговор со „Мундо Депортиво“ кажа дека Меси треба да се врати во клубот, но конечната одлука останува на Аргентинецот и се очекува идната недела да ја соопшти во јавност.

„Тој ќе донесе одлука за неговата иднина во следната недела. Сега има многу теории за тоа каде ќе оди, но Меси ќе соопшти во јавност за што се одлучил“, кажа Чави.