Меси со глава постигна гол при отворањето на новиот стадион (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Интер Мајами и Остин одиграа нерешено 2:2 во шестото коло на МЛС. Ова беше првиот натпревар на новиот “Ну стадион”, но домашната екипа не успеа да го прослави отварањето на овој стадион.

Првиот гол на овој објект го постигна Гилјерме Биро, но Интер многу брзо изедначи, кога Меси со глава ја погоди мрежата.

Гостите повторно поведоа во 53. минута благодарение на голот на Нелсон.

Интер Мајами стигна до ново изедначување, кога Луис Суарез искористи асистенција од Бертераме.