Меси со гол од пенал ја спаси Аргентина од срам ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синоќа беа одиграни три меча од квалификациите за Светското првенство во јужноамериканската зона. Аргентина предводена од Лионел Меси го отвори циклусот со минимален триумф против Еквадор.

Победникот на натпреварот го реши Меси со гол од пенал. Капитенот на „гаучосите“ беше прецизен во 13. минута.

Домашен триумф запиша и Уругвај, и тоа на драматичен начин. Во Монтевидео гостуваше Чиле, а победникот беше решен дури во судиското надополнување.

Домаќините имаа водство со голот на Луис Суарез од пенал, а за гостите погоди Алексис Санчез, по што во последните моменти Максимилијано Гомез донесе три бода за Уругвај.