Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона е во група заедно со Јувентус во Лигата на шампиони, па сите требаше да бидеме сведоци на првиот дуел по 2018 година меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но коронавирусот ја расипа забавата.
Португалецот најверојатно нема да игра против Барселона затоа што е заразен со ковид-19, иако нема никакви симптоми.
Меси пред „Ел Класико“ зборуваше за медиумите и даде коментар за мечот против Јувентус во елитното натпреварување.
„Дуелот со Роналдо ќе биде посебен и ќе трае засекогаш. да се игра на такво ниво на кое ние играме сите овие години не е лесно. Играме во големи екипи во кои очекувањата се големи и засекогаш ќе ги паметам дуелите со него. Мислам дека тие натпревари беа вистински дуели на индивидуално ниво и мислам дека навивачите на Реал и Барселона ги обожаваа“, вели Меси.