Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер и ѕвезда на Барселона, Лионел Меси беше прогласен за најдобар фудбалер за 2019 година во изборот на ФИФА.
Церемонијата на ФИФА беше одржана синоќа во Милано, а наградата за најдобар ја доби Меси во конкуренција со Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо.
Но, откако заврши церемонијата Меси тргна кон своето семејство, зашто брзал назад за Барселона. Водителите на церемонијата се обидоа да добијат изјава од Меси, но не успеаа во тоа.
Водителката се обиде да му постави прашање на Меси, но тој само помина покрај неа и тоа навистина ги налути неговите навивачи, кои не очекуваа вакво однесување од Аргентинецот.