Меси со прва изјава во Париз: Клубот е совршен за мене!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ го ангажираше Лионел Меси, кој си замина од Барселона по две децении минати на „Камп Ноу“ бидејќи не можеше да потпише нов договор со тимот поради правилата на Ла Лига.

Драмата заврши, па сега е јасно дека Меси во следните две години ќе игра за францускиот вицешампион, а тоа го потврди и ПСЖ.

Меси ја даде првата изјава за медиумите по пристигнувањето во Париз, каде што позираше со новиот дрес и го избра бројот 30, а потоа имаше и фото-сесија за новата екипа.

„Едвај чекам да почнам ново поглавје во кариерата. Клубот и визијата на тимот се совршена во вклопување на моите очекувања и амбиции. Сакам да направиме нешто одлично за овој клуб и неговите навивачи. Едвај чекам да заиграм на Паркот на принцовите“, вели Меси.