Меси: Свесен сум дека ми доаѓа крајот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси ќе се обиде да го освои Светското првенство (СП) во Катар, а тоа е единствена титула која му недостига во кариерата.

Меси минатата година пристигна во ПСЖ од Барселона, а оваа сезона игра одлично и се надева дека ќе ѝ помогне на Аргентина да стигне до трофејот, по што ќе реши каде ќе ја продолжи кариерата.

„Уживам во преубав град, но не беше лесно да се прилагодам. Сигурен сум дека по крајот на кареирата ќе останам во фудбалот, но на некоја друга позиција. Свесен сум дека не можам да играм фудбал уште долго“, кажа Меси.

Аргентинецот има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а сè уште не реши каде ќе игра во иднина, иако во медиумите се шпекулира дека следен клуб ќе му биде Интер Мајами на Дејвид Бекам.