Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси имаше свое шоу против Боливија во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година.
„Гаучосите“ остварија триумф од 6-0, а дури за пет гола беше заслужен Меси кој објасни како се чувствува.
„Многу е убаво да се игра тука. Ме прави емотивен кога го слушам моето име. Сите уживаме во оваа врска со навивачите. Немам датум за мојата иднина. Уживам во фудбалот, знам дека ова може да ми бидат последните настапи“, кажа Меси.