Меси во Мајами го запозна човекот по којшто го доби името (Фото)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Лионел Меси не крие дека ужива во животот во Соединетите Американски Држави и речиси секојдневно има можност да се сретне со познати лица од разни области.

Меси пред скоро две години одлучи да го напушти ПСЖ и изненадувачки кариерата ја продолжи во Америка, каде потпиша договор со Интер од Мајами.

Освен при натпреварите во дресот на Интер, искусниот Аргентинец често е во центарот на вниманието бидејќи во Америка има можност да запознае разни познати личности.

Многу актери, пејачи, бизмисмени и други спортисти ја користат можноста да дојдат во Мајами за да го видат Меси на дело и да го запознаат.

Овој пат на натпреварот на Интер пристигна легендарниот пејач Лионел Ричи, по кого Меси го доби своето име.

„Кога Лионел ќе запознае Лионел. Неговата мајка му го дала името по мене и еве не сега заедно. Одлично е што те запознав конечно по сите овие години“, порача американскиот пејач.

Фото: Интер Мајами/ФБ