Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Легендарниот Лионел Меси ретко се појавува пред камерите, особено веднаш по натпреварите, но овојпат направи исклучок и проговори за тешкиот период низ кој минува неговиот Интер Мајами. Последните резултати на тимот се далеку под очекувањата, а Аргентинецот реши, на шпански јазик, да го сподели своето гледање на ситуацијата.
Иако на почетокот на сезоната најавуваа освојување на титулата во МЛС лигата, Меси и друштвото моментално минуваат низ сериозна криза на форма. Интер Мајами е елиминиран од Купот на шампионите, а во последните седум натпревари во лигата забележаа само една победа.
Во разговор за Apple TV со новинарот Мајкл Џанони, Меси ги сумираше сите фрустрации кои се натрупуваат последните недели.
– Тешко е време, но ќе го поминеме ова. Сега ќе видиме дали навистина сме тим. Кога сè оди лесно, сите се задоволни, но во вакви моменти мораме да бидеме пообединети од кога било. Ова се вистинските тестирања за екипата, рече Меси.
И покрај падот на формата, Интер Мајами сè уште се држи во горниот дел на табелата – моментално се шести. Меси верува дека работите можат да се променат и дека тимот има шанса да го поправи впечатокот во продолжението на месецот.
Фото: Принтскрин