Меси зборуваше за тоа што се случи минатото лето и дали ќе ја напушти Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси побара од Барселона да си замине, но неговото барање не беше испочитувано од поранешниот претседател на клубот Жозе Марија Бартомеу.

Сега Меси во разговор за „РАЦ“ зборуваше за таа ситуација.

„Се чувствувам добро. Навистина, летото беше тежок период. Се што се случуваше откако сезоната заврши, бурофаксот и сето тоа се пренесе и во новата сезона“.

На прашањето дали ќе замине на крајот од сезоната Аргентинецот не даде конкретен одговор.

„Се чувствувам добро тука и сакам да се борам за она што е пред нас. Возбуден сум и знам дека клубот помина низ тежок период, се околу клубот е многу тешко, но се радувам на наредните предизвици“, изјави Меси.

Комплетното интервју на Меси за „РАЦ“ ќе излезе за шест дена и сигурно ќе биде интересно да се прочита.