Месут Озил посочи каде сака да игра следната сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил истакна дека е среќен во клубот  и посочи дека сака а остане на „Емирати“ и следната сезона.

Озил има уште две години од неговиот актуелен договор со Арсенал, меѓутоа се почесто се поврзуваше со заминување од клубот по крајот на сезоната.

Во ексклузивното интервју за „Скај Спортс“ Озил одговори дека планира до крај да го одработи својот договор.

„Апсолутно сакам да останам. Имам уште две години од мојот договор со Арсенал. Не знам што ќе биде по тоа, но сега знам што ќе се случи. Среќен сум во Арсенал, зошто не би бил“ –истакна Озил.