Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Металург минатата вечер пристигна во Шпанија на дуелот против Адемар Леон. Екипата од Автокоманда патуваше со автобус и мина 43 часа и 3.000 км за да стигне до конечната дестинација.
Тимот од Скопје објави дека нивниот пат бил успешен, па се надеваат на успех во утрешниот натпревар.
“Нашата авантура, која предизвика огромен интерес во ракометниот свет, среќно заврши пред вратите на хотелот во кој ќе биде сместен нашиот тим. Сите ракометари се добро, сите се расположени и со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар. Утре наутро Металург веројатно ќе го искористи своето право за полесен тренинг, колку да ја осети подлогата во “Палатата на спортовите“ во Леон“, стои во објавата на официјалната страна на Металург.