Мијатовиќ за Реал: Овој тим правеше чуда, сега не сум оптимистичен


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал со одличен настап на „Емирати“ го совладаа Реал Мадрид со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. По првото полувреме без голови, избраниците на Микел Артета постигнаа три гола во вториот дел, а особено се истакна Деклан Рајс, кој постигна два гола од директни слободни удари. Конечниот резултат го постави Микел Мерино.

Поранешниот играч на Реал и спортски директор на клубот, Предраг Мијатовиќ, јасно ги наведе одговорните за тешкиот пораз во разговорот за „Кадена Сер“:

„Овој тим порано можеше да прави чуда, но сега не сум оптимистичен. Не ја гледам онаа позната реакција каква што имаа порано, кога знаеја да се извлечат од тешката ситуација. Тоа сега повеќе не постои, тимот е во опаѓање, и физички и психички.”

Фото: Real Madrid/FB