Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Партизан не престанува да ја шокира јавноста во Србија со откритијата за катастрофалната финансиска ситуација која ја затекна новото раководство на клубот, кој го презеде пред два месеца.
Партизан се соочува со невиден резултатски, финансиски и управувачки кризи. Српскиот гигант летово испадна од сите три европски натпреварувања во квалификациите.
Предраг Мијатовиќ сега откри детали за огромниот долг на Партизан.
„Вкупниот долг на НК Партизан изнесува 53.128.000 евра во овој момент. Од таа сума, вкупниот долг кон домашните и странските клубови е 7.250.000 евра. На домашните клубови се должи 1.883.187 евра. 25 играчи имаат процент од својата продажба. Ова ми се чини нелогично и ненормално“, рече Мијатовиќ.