Миха го очекува важен период во животот – почнува трет дел од терапијата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Цела јавност го очекува конечното враќање на Синиша Михајловиќ во борбата со леукемијата. Тренерот на Болоња неколку пати и покрај тешката болест ја водеше својата екипа од клупата, иако се лекува во болница.

Според италијанските медиуми, Михајловиќ повторно се врати во болница на важен дел од лекувањето, а станува збор за трета фаза од хемотерапијата.

Србинот двапати беше во болница за да прими хемотерапија, а сега пред него е уште еден циклус, за кој се тврди дека ќе биде и најважен.

Тој би требало да остане околу шест недели во болница, поради што не може да ја води Болоња од клупата и тоа ќе го направат членовите на неговиот стручен штаб.