Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синиша Михајловиќ нема да биде на тренерската клупа на Болоња во мечот против Бреша, зашто го почна вториот циклус од хемотерапијата.
Србинот се бори против леукемија, па откако ја водеше Болоња на два меча од клупата, сега мораше да се врати во болница.
Сепак, Михајловиќ не ги остава своите фудбалери ниту во еден момент, а тоа го потврдија и близок пријател и неговиот помошник.
„Бараше од нас да имаме цврсст пристап, односно да играме во секоја минута како да е последна за нас и храбро да му се спротиставиме на ривалот, но и да го искористиме квалитетот. Бреша е солиден тим, но не очекуваме изненадувања“, порачаа неговиот помошник.