Михаел Шумахер e во лоша состојба!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Помина повеќе од деценија откако легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер имаше трагична несреќа на скијање, по што повеќе ништо не се знае за неговиот живот и состојба.

Неговото семејство со години успева да го сокрие од јавноста состојбата на Михаел, а последните информации кажуваат дека легендарниот возач не е добро.

Имено, Дејли мејл пренесе дека Михаел Шумахер не може да зборува, како и дека е прикован за кревет.

– Тој повеќе не може да ги изразува мислите со јазик. Тоа е многу тажна состојба. Беше херој, неуништлив, а сега сите само се држиме до надежта. Но, едноставно, не е добро, и веројатно никогаш повеќе нема да го видиме – изјавил германскиот новинар Феликс Грнер.