Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар направи смена на тренерот, откако денеска од кормилото се повлече Горазд Михаилов, а на негово место пристигна Горан Петрески.
Поранешниот напаѓач на „црвено-црните“ ја заврши кариерата во корејскиот тим Поханг стилерс, а тренерската кариера ја почна во Работнички.
„Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата“, објави Вардар.