Михајловиќ ги сплоти сите: Навивачите на Болоња и Лацио со пораки за Србинот (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се бори со леукемија, па тоа ги натера да се сплотат сите, а навивачите на Болоња и Лацио пред мечот застанаа едни до други поради него.

Навивачите на двата клуба беа заедно на служба во катедралата „Сан Лука“ за да се помолат за здравје на Михајловиќ, а притоа носеа и негов дрес.

Ова не е првпат навивачите да се молат на ваков начин за Србинот, но сега на фановите на Болоња им се приклучија и тие на Лацио, а исто така имаа и многу пораки до Михајловиќ.