Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ го исполни ветувањето кое им го даде на своите фудбалери и беше со нив на првиот меч во новата сезона.
Италијанските медиуми објавија дека Михајловиќ ги изненадил фудбалерите на Болоња со неговото пристигнување на клупата, со оглед на тоа дека српскиот стартег претходните 40 дена ги помина во болница поради лекување на леукемија.
„Ветив дека ќе бидам со вас. И тука сум. За некои сум будала што излегов од болница. Сепак, сакав да бидам тука“, порача Михајловиќ.
Познатиот италијански доктор Санте Тура смета дека враќањето на Михајловиќ е добар знак во борбата против леукемијата.
„Факт е дека докторите му дадоа дозвола и тоа е позитивен одговор на организмот. Јасно е дека, како и секој пациент кој ќе напушти болница, мора да почитува одредени работи“, вели Тура.