Михајловиќ излегол на прозорецот на болницата и им се заканил на фудбалерите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синиша Михајловиќ синоќа бил изненаден од фудбалерите по враќањето од Бреша, кадешто славеа со пресврт со 4-3.

Снимката го воодушеви светот, Болоња има седум бода, а Михајловиќ се бори со тешка болест, па го почна вториот циклус од хемотерапијата и сигурно нема да излезе од болница до октомври.

Но, фудбалерите се борат како лавови и ги слушаат нивните свотеи, па беа инспирирани од пораката пред мечот против Бреша.

Но, утринава италијанските медиуми пренесоа дека Миха излегол на прозорец, па им се обратил на фудбалерите и им кажал да се смират.

„Добро е, но во среда ќе разговараме за грешките. Ајде сега сите на спиење“, наредил Србинот.