Михајловиќ ја напушти болницата и се врати дома (ФОТО)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ излезе од болницата во Болоња, откако по шест недели го заврши третиот циклус на терапија на опасната болест.

Неговата сопруга Аријана на Инстаграм објави дека тренерот на италијанскиот клуб излегол од болница и се вратил кај своето семејство по долгиот временски период поминат на терапии.

„Нема подобро чувство, одиме дома“, напиша Аријана со која Синиша е во среќен брак и има пет деца, три сина и две ќерки.

Засега информации од лекувањето нема, но насмевките на фотографијата која беше објавена на Инстаграм покажуваат дека најверојатно следат позитивни вести за Србинот.

И покрај болеста, Михајловиќ реши да ја води Болоња со која сезонава има солидни резултати во Серија А.