Михајловиќ од болница ја предводеше Болоња до победа во Купот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој се рехабилитира од леукемија, од болничка соба делел совети на фудбалерите на Болоња на мечот против Пиза во италијанскиот Куп.

Како што откри помошникот Емилио де Лео, Србинот повторно со видео-врска се поврзал со екипата и соработниците во победата на гостувањето со 3-0.

„Поврзан сум преку слушалка со друг член на стручниот штаб на трибини, а тој со Михајловиќ. За среќа Синиша го познаваме некое време, а понекогаш ги знаеме неговите идеи“, кажа Лео.

Михајловиќ на 13 јули објави дека боледува од леукемија, но убеден е дека ќе ја победи болеста и повторно ќе се врати на теренот.