Михајловиќ раскажа како реагирал кога дознал за болеста: Што? Леукемија?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Синиша Михајловиќ доби голема поддршка во најголемата борба во животот. Од денот кога откри дека боледува од леукемија, цела Италија испраќа пораки со поддршка.

Миха плачел откако дознал со што мора да се соочи, но солзите поминаа, па сега е време да ја почне борбата и да почне со терапиите. Италијанците пишуваат дека актуелниот тренер на Болоња од првиот ден на медицинскиот тим му покажал дека е сериозен во намерата да се соочи со леукемијата.

„Како реагирав? Најпрво не можев да поверувам, помислив дека е некоја шега. Постои само едно решение, а тоа е да не се предадам. Ќе се борам. Со сета сила. Во напад, па што сака нека биде“, искрен беше тренерот.