Михајловиќ се расплака: Се сети на бомбардирањето на Србија, па повика на мир!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ зборуваше за битката меѓу Русија и Украина за време на прес-конференцијата пред мечот на неговиот тим против Салернитана.

Србинот зборуваше за бомбардирањето на Србија во 1999 година и кажа како се изборил со хаосот кој се случуваше кај нашиот северен сосед.

„Кога Обединетите нации ја бомбардираа мојата земја, го освоив Скудетото со Лацио. Во тоа време сакав тренинзите да траат по 24 часа, да играме натпревари по цел ден. Не сакав да мислам на војна, бомби и тоа што се случува. Кога ќе заминев од теренот, сè стануваше хаос. Се сеќавам дека не можев да ги слушнам моите родители по две недели“, вели Михајловиќ.

Михајловиќ кажа дека мора да се потрудат сите за да запре војната во Украина бидејќи може да има фатални последици кон сите.