Михајловиќ со емотивна порака: Времето за солзи заврши, сега треба да се бориме!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ со емотивна порака се обрати на јавност, па тој ја почна борбата против леукемијата од којашто боледува. 

Михајловиќ објави писмо во „Газета дело Спорт“, во кое порача дека нема тукутака да се откаже и дека времето за солзи заврши, па сега следува борба.

„Постојат моменти во животот кога ќе се сретнете со противникот кога е тешко да го победите и проблемот е тешко да се реши. Дојдов до таков момент, но за среќа не сум сам, имам огромна поддршка. Во овие денови добив многу пораки со поддршка и сигурен сум дека ќе ја добијам битката против леукемијата.

Им благодарам на сите навивачи, и на тие кои ме навредуваа, сега ми напишаа да се борам. Им благодарам на пријателите и на останатите соработници, како и на непознатите луѓе. Ви благодарам уште еднаш, времето за солзи е завршено, сега е време за борба. Ќе се видиме наскоро“, порача Михајловиќ.