Михајловиќ за девет дена поминати во Спортинг доби три милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ го доби неодамна спорот против Спортинг Лисабон за неоправданото прекинување на договорот со португалскиот клуб.

Михајловиќ не остата оштетен од страна на Португалците, кои најпрво го ангажираа, а потоа поради промена на раководството беше отпуштен по само девет дена, но Србинот веднаш одлучи да ги тужи.

Португалските медиуми објавија дека раководстовото на Спортинг му ја исплатило отштетата од три милиони евра на српскиот стратег.

Михајловиќ најпрво бараше 10 милиони евра, но Судот во Лозана пресуди казната да биде помала.