Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наредната недела се игра финалето во Лига Европа меѓу Арсенал и Челси, а „топчиите“ ќе бидат ослабени затоа што нема да може да сметаат на услугите на Хенрик Михтаријан.
Михтаријан нема да може да настапува во Баку, поради лошите односи на Ерменија и Азербејџан, па на државјаните на Ерменија им е забранет влез.
Фудбалерот на Арсенал не настапи ниту во групната фаза против Карабаг во Баку, зашто не смееше да патува во државата, во која најверојатно ќе беше уапсен при влез.
Арсенал се обиде преку УЕФА да обезбеди престој на Михтаријан во Баку, но тој сепак нема да патува во Азербејџан, поради што го откри своето незадоволство на социјалните мрежи.
“We’re very disappointed to announce that @HenrikhMkh will not be travelling with the squad for our #UELfinal against Chelsea.”
Full statement ?
— Arsenal FC (@Arsenal) May 21, 2019