Мијаиловиќ со порака до Миротиќ: Никој не е поголем од Партизан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ даде коментар за пропаднатиот трансфер на Никола Миротиќ, кој во последен момент се повлече од преговорите поради закани.

Миротиќ откри дека бил блиску до потпис со екипата од Белград, но приоритет му е безбедноста на семејството и среќата ќе ја бара на друго место.

„Пред еден ипол месец ми се јави Жељко Обрадовиќ и ми кажа дека Миротиќ е една од опциите. Моравме да обезбедиме финансиски средства за трансферот. Успеавме во тоа, но набрзо увидовме дека тој не сака да потпише од некои причини, иако се договоривме. Тој не е единствен играч што може да игра за Партизан, ниту Партизан не е единствен клуб за него. Треба на сите да им биде јасно дека никој не е поголем од Партизан“, кажа Мијаиловиќ.