Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Предраг Мијатовиќ се потсети како во минатото го ангажирал Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.
Црногорецот на „Сантијаго Бернабеу“ беше спортски директор во период од 2006 до 2009 година, а токму тогаш учествуваше во преговорите за Роналдо.
За тогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед беа заинтересирани многу клубови, но Мијатовиќ имал олеснителна околност во тоа што Роналдо сакал да се пресели во Мадрид.
„Тоа беше комплицирано. Претходно Роналдо веќе беше шампион на Европа и освојувач на Златна топка со Манчестер јунајтед. Не беше лесно да се предложи таков трансфер. Почнавме преговори со неговите соработници и за среќа успеавме да се договориме. Пресудна беше неговата желба. Немаше начин да се запре трансферот“, открива Мијатовиќ.