Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли треба да биде задоволен од играта на неговите фудбалери во првите 10 кола од новата сезона во Серија А, зашто тие го повторија успехот од 1954 година.
Милан за првпат по 67 години запиша девет победи во првите 10 кола, а имаат и едно реми, па по речиси една третина од натпреварите тие не знаат за пораз.
Пиоли е задоволен од настапите на неговата екипа во Серија А и освоените бодови, кои го носат тимот на добар пат кон освојување на Скудетото, иако уште е рано.
„Одигравме четири меча во 10 дена и немавме многу простор за ротација против Торино, кој е квалитетен тим. Сепак, остваривме добар резултат и горд сум што гледам глад во екипата. За викендов нѐ чека дерби против Рома и тоа ќе биде тежок меч“, вели Пиоли.