Милан добива засилување од Јувентус?!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Милан покажа голем интерес за фудбалерот на Јувентус, кој е на позајмица во Баерн Минхен, Даглас Коста и тие планираат да го ангажираат 30-годишниот Бразилец.

Бразилецот не е задоволен во Минхен поради минутажата и сака да ја смени средината, а баварците се подготвени веднаш да го вратат во Јувентус.

Сепак, место за Коста нема ниту во Јувентус, па тоа сака да го искористи Милан, кој веќе го контактирал неговиот агент.

„Тутоспорт“ објави дека постои можност Коста да се пресели на шестмесечна позајмица во Милан, кој ќе има право да го откупи неговиот договор.