Милан го дава капитенот Ромањоли плус пари за фудбалер на Јувентус?


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус и Милан ова лето ќе учествуваат во размена на фудбалери, а во договорот ќе бидат вклучен Федерико Бернардески и Алесио Ромањоли.

„Старата дама“ бара замена за Џорџо Кјелини, кој најверојатно ќе замине во пензија на крајот на сезоната, а идеално решение гледаат во капитенот на Милан.

Иако станува збор за капитен на тимот, Милан наводно е подготвен да преговара за размена, а во неа е вклучен и контроверзниот менаџер Мино Рајола.

Рајола се грижи за кариерата на двата фудбалери, па нема дилема дека тој ќе биде најсреќен ако се случи оваа трампа меѓу тимовите.

Во случај Милан да се ослободи од Ромањоли, ќе мора да плати околу седум милиони евра на тимот на Рома, од каде што го купи фудбалерот во 2015 година.