Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан синоќа славеше на тешкото гостување кај Аталанта со 3-2 и така запиша уште една победа сезонава и најави дека би можел да се бори за Скудетото.
„Росонерите“ имаа водство од 3-0 до 86. минута, но Аталанта се разбуди во последните минути и успеа да постигне два гола со што ја врати неизвесноста во мечот за момент.
Ова е шести триумф за Милан во првите седум кола во Серија А, а со едно реми има 19 бодови на табелата и сигурно ќе се бори за титулата доколку продолжи во ваков ритам, иако уште е рано да се каже такво нешто.
Интересно е тоа што ова е најдобриот старт на Милан уште од сезоната 2003/04, кога го освоија Скудетото, па „росонерите“ се надеваат дека може да го повторат тој успех.