Милан го купи 30 милиони евра, а сега го пушта целосно бесплатно, иако е еден од најважните играчи во тимот!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Франк Кеси во претходните години беше еден од најдобрите фудбалери на Милан и меѓу најзаслужните што „росонерите“ ќе играат повторно во Лигата на шампиони (ЛШ).

Договорот на Кеси завршува на крајот на сезоната и преговорите меѓу двете страни не се движат во насока во која тоа го сака поранешниот европски првак.

Во претходните денови се појави информација дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска сака плата од осум милиони евра плус два милиони во бонуси.

Тоа се премногу пари за калчолигашот, па затоа Милан ќе го загуби Кеси целосно бесплатно следното лето, а како нова дестинација за играчот за врска се споменува Тотенхем.

Клубовите од Премиерлигата се најстабилни кога станува збор за финансиите, па му подготвиле одличен договор на Кеси, кој следната сезона најверојатно ќе игра во англискиот шампионат.

Милан го купи Кеси пред неколку години за сума од 30 милиони евра.