Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака да го ангажира Таисон од Шахтјор, а главниот човек на операцијата за негово ангажирање е Звонимир Бобан.
Шахтјор ја одбил првата понуда, зашто клубот кој ќе го купи мора да плати 30 милиони евра, а очигледно Милан понудил многу помалку.
Бобан подготвува нова понуда за 31-годишниот крилен напаѓач, за кој многумина тврдат дека е најдобар фудбалер на Шахтјор.
Милан го гледа како алтерантива за Анхел Кореа, за кој Атлетико Мадрид бараше 50 милиони евра, а „росонерите“ се откажаа од таа идеја.
„Милан ја испрати првата понуда, но таа беше одбиена и сега се очекува нова“, кажал агентот на фудбалерот за бразилските медиуми.