Милан го одреди датумот кога ќе го претстави Ибрахимовиќ?

Златан Ибрахимовиќ уште официјално не ја кажа својата одлука за продолжување на кариерата, но во Милан веруваат дека ќе ја прифати нивната понуда.

Швеѓанецот веќе настапуваше во Милано, а на „Сан Сиро“ верувааат дека 38-годишниот фудбалер може да ги врати во горниот дел од табелата.

„Кориере дела Сера“ пишува дека управата се надева дека Швеѓанецот ќе го даде одговорот до 15 декември, кога е закажана прославата за 120-годишнината на клубот.

Постојат извештаи дека Ибра би можел да добие 18-месечен договор, а притоа ќе добие и клаузула, според која ќе може да го напушти тимот на лето.

Сепак, засега нема никаков повратен одговор од искусниот фудбалер.