Милан го почна ремонтот: По Гатузо си замина и – Леонардо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан имаше уште една неуспешна сезона, во која за „влакно“ испушти пласман во топ-4 во италијанската Серија А, а со тоа и пласман во Лигата на шампиони.

„Росонерите“ шеста година по ред не успеа да избори пласман во Лигата на шампиони, па го напуштија тренерот и спортскиот директор.

Џенаро Гатузо објави дека по година ипол заминува од клупата на „росонерите“, а функцијата на спортски директор ја остави Леонардо, уште една легенда на клубот.

„Скај Спорт“ пишува дека Леонардо решил да замине од тимот, поради тоа што немале големи успеси. Инаку, новите сопственици на клубот, Елиот Менаџмент го постави Леонардо за директор минатата година.