Милан го потврди ангажманот на одличниот хрватски напаѓач


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Од редовите на Милан предмалку го потврдија ангажманот на одличниот хрватски напаѓач кој досега ги бранеше боите на Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ.

Ребиќ на „Сан Сиро“ доаѓа на двегодишна позајмица, по која клубот од Милано ќе може да го откупи неговиот договор.

На ист договор се обврза и Андре Силва кој ќе замине во обратна насока, односно Милан ќе го замени со Ајнтрахт Франкфурт.