Милан го претстави пријателот на Халанд како ново засилување


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Милан денеска го претстави младиот норвешки фудбалер Јанс Питер Хауг како ново засилување, со кое потпиша петгодишен договор, а играчот доаѓа од тимот на Бодо Глимт.

Крилниот напаѓач ги воодушеви „росонерите“ на „Сан Сиро“ минатата недела, па веднаш реагираа и решија да го купат.

Хауг денеска беше претставен како нов член на тимот, а во Милан ќе го носи дресот со број 15.