Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот шампион Милан славеше во големото дерби против Јувентус со 2-0 во деветтото коло од Серија А.
Јувентус повторно се врати на лошата форма, иако делуваше дека ја надминува кризата, но против Милан беше немоќен, а на самиот старт „росонерите“ преку Рафаел Леао се заканија и погодија статива.
По големата мешаница во казнениот простор на Јувентус, Милан поведе преку голот на Фикајо Томори, а во вториот дел Брахим Дијаз по соло акција погоди за конечни 2-0.
Милан со оваа победа се израмни со Наполи и Аталанта на првата позиција, но тие имаат одиграно еден меч помалку, додека Јувентус со 13 бода се наоѓа на осмо место.